Фахреттин Алтун: Новата ера ќе биде ера на Турција со нејзиниот силен марш

Шефот на Одделот за комуникации при претседателството Фахреттин Алтун истакна дека новата ера ќе биде ера на Турција со нејзиниот силен марш

1753114
Фахреттин Алтун: Новата ера ќе биде ера на Турција со нејзиниот силен марш

Во Истанбул  од страна на Одделот за комуникации при претседателството се одржа „Работилница за стратешка проценка за периодот 2020-2021 и визијата за 2022-2023 година“ и „Работилница за градење капацитети и перспектива“.

Шефот на Одделот за комуникации при претседателството Фахреттин Алтун, овде имаше презентација под наслов „Модел на комуникација на Турција: Визијата за 2023-2053-2071 во комуникацијата“.

Алтун нагласи дека новата ера ќе биде ера на Турција со нејзиниот силен марш и го рече следното: „Бидејќи, Турција навистина не е она што беше порано.Навистина е голема и силна земја, заклучно со денеска таа не е само расипувач на игри, туку е земја создавач на игри. Не е само остров на стабилност, туку и стабилизирачка сила.“

Алтун за Турција која додека во периодот на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во 2019 година пропаднаа голем број социјални држави Таа со нејзиното стабилно управување почна да влијеа на глобалните процеси го употреби изразот „остров на стабилност во глобална хаос средина“.

Тој рече дека заедно со одбранбената индустрија, здравствениот систем, надворешната политика и хуманитарната помош, Турција со нејзините светски брендови и нејзиниот нов економски модел, е модел во регионот и во светот.

Од друга страна, Фахреттин Алтун истакна дека Турција со новиот економски модел фрли мошне силен чекор за да се спаси од синџирот на глобална зависност и напомена дека ќе бидат фрлени силни чекори и во наредниот период.

Велејќи дека за да се раскажат силните модели коишто ги изгради Турција во комуникацијата се премина кон „модел на Турција“, Алтун појасни дека овие моќни модели ќе му бидат објаснети на целиот свет со точни, доверливи и навремени содржини.

На работилниците коишто се одржаа учествуваа претседателот на Управниот одбор на Турската радио и телевизија (ТРТ) Ахмет Албајрак, генералниот директор на Турската радио и телевизија (ТРТ) Мехмет Захид Собаџи, генералниот директор на Институцијата за печат и огласи Ридван Дуран, заменик генералниот директор и главниот и одговорен уредник на новинската Агенција Анадолија „АА“ Јусуф Озхан, заменик шефовите на Одделот за комуникации, шефови на оддели, директори на региони и филијали, вработени и домашни и странски претставници на печатот.

 



Слични вести