Претседателот Ердоган се состана на вечера со работниците во Газиантеп

Претседателот Ердоган истакна дека ги охрабруваат индустријалците, претприемачите и бизнисмените/деловните луѓе и со можности за да обезбедат повеќе вработувања и да произведуваат повеќе

1752601
Претседателот Ердоган се состана на вечера со работниците во Газиантеп

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган синоќа се состана на вечера со работниците во градот Газиантеп кадешто престојуваше во посета во текот на вчерашниот ден.

Во говорот што го одржа овде претседателот Ердоган обраќајќи им се на работниците истакна дека ги охрабруваат индустријалците, претприемачите и бизнисмените/деловните луѓе и со можности за да обезбедат повеќе вработувања и да произведуваат повеќе. 

Ердоган рече дека Газиантеп е еден водечките градови на целта за раст на Турција со инвестиции, вработување, производство, извоз и вишок на тековната сметка.

Укажувајќи дека Газиантеп, градот на историјата, цивилизацијата, културата и братството, истовремено е дојден во положба и на град кој се прикажува како пример во Турција, во регионот во кој се наоѓа и во светот, како град на производството и трудот, претседателот Ердоган рече: „Турција не може да застане на свое место, Турција реализира отскок, Турција напредува. Газиантеп е дојден во положба на извозник на 12 милијарди долари.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган нагласи дека ги охрабруваат индустријалците, претприемачите и бизнисмените/деловните луѓе и со можности за да обезбедат повеќе вработувања и да произведуваат повеќе, а воедно додаде дека ги поддржуваат и работниците со политика на плати која ќе го плати нивниот труд и потта на нивното чело.

 



Слични вести