Ердоган: Брзо напредуваме кон целта за внесување на Турција меѓу 10-те најголеми економии

Претседателот Ердоган истакна дека брзо напредуваат кон целта Турција да биде внесена меѓу 10-те најголеми економии

1752754
Ердоган: Брзо напредуваме кон целта за внесување на Турција меѓу 10-те најголеми економии

Претседателот на државата и претседател на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Реџеп Тајјип Ердоган, во Истанбул говореше на состанокот на градското Консултативно собрание во проширен состав, кадешто истакна дека каматата ги прави богатите побогати, а сиромашните посиромашни и дека причината е каматата, а резултатот е инфлацијата.

Претседателот Ердоган истакна дека брзо напредуваат кон целта Турција да биде внесена меѓу 10-те најголеми економии.

Велејќи „Камата ги прави богатите побогати, а сиромашните посиромашни. Каматата е причина, инфлацијата е резултатот,“ Ердоган рече:  „Се надевам дека нашиот народ ќе го наруши ова тркало и ќе ги постигнеме неговите примарни/главни цели. Оној кој нема своја кауза нема љубов, оној кој нема своја љубов нема гнев. Ако понекогаш изгледаме налутени, единствената причина за тоа се нашата кауза и нашата љубов.“ 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган напомена дека во оваа борба/кауза (во каузата/борбата да и се служи на земјата) не може да има место за себичност, ароганција, непослушност или предавство, а воедно го додаде следното: „Наша должност е оваа кауза секогаш да ја носиме уште понапред, да ја водиме кон победа до 2023 година (на 100-годишнината од формирањето на Република Турција).



Слични вести