Претседателот Ердоган: Турција е ѕвездата во подем на 21-от век
Претседателот Ердоган истакна дека додека инвестициите во светот се во точка на застој Турција продолжува да привлекува инвестиции и го рече следното: „Турција е ѕвездата во подем на 21-от век“

Претседателот на државата и претседател на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Реџеп Тајјип Ердоган говореше на состанокот на Консултативното градско собрание на АК Партијата во Газиантеп.
Ердоган рече „Турција е ѕвездата во подем на 21-от век. Со Аллахова дозвола, никој не ќе може да го спречи подемот и еланот на овој народ“.
Претседателот Ердоган истакна дека додека инвестициите во светот се во точка на застој Турција продолжува да привлекува инвестиции.
Тој нагласи дека Турција е ѕвездата во подем на 21 век.
Во врска со процесот на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Искористувајќи ги на најефикасен начин можностите коишто ги пружа нашата силна здравствена инфраструктура, со флексибилен и уникатен модел успешно управувавме со епидемискиот процес.“
Слични вести
