Ердоган: Градиме нов економски модел специфичен на Турција и работиме за економска независност на земјата

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека градат нов економски модел единствен на Турција и дека работат за економска независност на земјата

1752407
Ердоган: Градиме нов економски модел специфичен на Турција и работиме за економска независност на земјата

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган синоќа беше гостин во заедничката специјална програма во живо „Специјален дневен ред“ којашто се емитуваше на неколку приватни телевизиски канали, а во која даде изјави во врска со актуелниот дневен ред.

Ердоган истакна дека градат нов економски модел специфичен на Турција и дека работат за економска независност на земјата.

Претседателот Ердоган нагласи дека должност на владите е да обезбедат економска и финансиска стабилност, да го зголемат општествениот просперитет и ефикасно да се доставуваат јавните услуги.

Во својот говор, претседателот Ердоган напомена дека Турција е една од 9-те земји кои  на брз начин можат да произведат вакцина против епидемијата на Ковид-19, а воедно појасни домашната вакцина „Турковак“ претставува развој со којшто речиси се крунисуваат работите (сето она што е сработено) коишто се реализирани во периодот на епидемијата.

Тој рече: „Во секоја фаза од нашата вакцина којашто како Турција почнувајќи од клетката е развиена со целосно домашни и национални можности, по изминати 50 години, учествуваа наши сопствени научници и истражувачи. Заедно со добиеното одобрение за употреба по ова прашање, по Синовак и Бионтек ќе им ја понудиме на нашите граѓани и нашата домашна вакцина Турковак, па дури ќе му ја ставиме во услуга на човештвото, ќе ја искористиме за лекување и на другите земји.

Во меѓувреме, го ставаме во примена во Анкара и проектот Хифзиссихха, како центар за истражување, развој и производство на вакцини со најголем капацитет во светот. Наскоро ќе го распишеме тендерот. Тендерскиот процес на Проектот Хифзиссихха со покриена површина од 50 илјади квадратни метри во областа блиску до аеродромот Есенбога, ќе биде завршен следната недела.“

На едно поставено прашање дали на одржаниот разговор со основачот на „Тесла“ и „Спејс икс“ Илон Маск по лансирањето на осмиот сателит на Турција „Турксат 5Б“ („Türksat 5B“) беа поставени на дневен ред  нови проекти, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече дека сателитите и вселенските технологии се технологии кои бараат специфична и квалификувана експертиза и инфраструктура.

Појаснувајќи дека во 2023 година ќе биде лансиран во вселената со ракетата „Фалкон 9“ („Falcon 9“) на компанијата „Спејс икс“ („SpaceX“) и сателитот Турксат 6А“ („Türksat 6A“) чие производство продолжува со 100 посто домашен системски инженеринг и домашни можности, Ердоган рече: „Со реализираните потфали во последните години, обучените квалификувани човечки ресурси и инфраструктурите што ги формиравме, ќе зајакне нашето присуство во вселената. Ќе се намали зависноста од надвор во оваа сфера и дури ќе дојдеме во положба да реализираме и извоз по ова прашање.“

На едно поставено прашање „Каква иднина ја очекува Турција во односите со Африка“, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Како Турција, сакаме да бидеме насекаде во Африка, со отворање на амбасади во речиси сите земји во Африка. Сакаме да чакориме заедно со Африка на  основа добивај-добивај (вин-вин) и во сите нејзини подземни и надземни богатства. Велејќи Турција 'профитирајте и вие, да профитираме и ние, да профитираме заедно' таму и за право и африканските земји имаат доверба во нас. Велат 'Тоа да го направиме заедно'. Тие се дојдени до оваа точка.“

 



Слични вести