Бродот за сондажа „Фатих“ започна со дупчење во „Туркали-7“ во Црното Море

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез напиша: „Нашиот брод за сондажа Фатих започна со дупчење во Туркали-7. Секое ново дупчење нè приближува уште повеќе до целта за затоплување на Анадолија со гасот од Црното Море во 2023 година.“

1752390
Бродот за сондажа „Фатих“ започна со дупчење во „Туркали-7“ во Црното Море

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез информира дека бродот за сондажа „Фатих“ започна со дупчење во бушотината „Туркали-7“ во Црното Море.

Министерот Донмез во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша:„Чекор по чекор до целта. Нашиот брод за сондажа Фатих започна со дупчење во Туркали-7. Секое ново дупчење нè приближува уште повеќе до целта за затоплување на Анадолија со гасот од Црното Море во 2023 година.“

Бродот за сондажа „Фатих“ откри вкупно 540 милијарди кубни метри природен гас во Црното Море, а беше соопштено дека црноморскиот гас ќе биде ставен во употреба во 2023 година.

 



Слични вести