Ердоган: „Целта ни е да влеземе меѓу првите 10 големи економии“

Кога за кратко време, ќе воспоставиме рамнотежа во секторот за финансии, ќе бидеме сведоци дека нашата земја влезе во сосема поинаква економска клима со претстојните летни месеци

1752342
Ердоган: „Целта ни е да влеземе меѓу првите 10 големи економии“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека целта е Турција да ја сместат меѓу 10-те најголеми економии во светот.

Претседателот Ердоган зборуваше на средбата на која се сретна со економисти и академици во претседателската канцеларија во Долмабахче во Истанбул.

Нагласувајќи дека Турција, за време на нивната влада, за првпат доживеа непрекинат развоен процес од околу 20 години, Ердоган рече дека успеале значително да ја комплетираат инфраструктурата неопходна за да се направи големиот економски потег.

Нагласувајќи дека долгот на земјата кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во 2002 година, кога тие дојдоа на власт, изнесуваше 23,5 милијарди долари и дека тие го исплатија овој долг во мај 2013 година, Ердоган рече: „Ние моментално на ММФ не м должиме ништо, ниту пак имаме некаков контакт со ММФ“.

Потенцирајќи дека со закрепнувањето на економијата, девизните резерви во Централната банка изнесуваат над 115 милијарди долари, Ердоган рече дека „ (Резервите) со оваа стапка ќе бидат во многу подобра позиција. Нашата цел е земјата да да сместиме меѓу 10-те најголеми економии во светот“.

Претседателот Ердоган во продолжение рече: „Кога за кратко време, ќе воспоставиме рамнотежа во секторот за финансии, ќе бидеме сведоци дека нашата земја влезе во сосема поинаква економска клима со претстојните летни месеци“.



Слични вести