Ердоган: „Верувам дека во Ерусалим може да се најде решение за сите верски групи“

Чекорите што треба да се преземат за палестинското прашање, особено во Ерусалим, ќе придонесат за безбедноста и стабилноста не само на Палестинците, туку и на Израел

1751434
Ердоган: „Верувам дека во Ерусалим може да се најде решение за сите верски групи“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече: „Чекорите што треба да се преземат во однос на палестинското прашање ќе придонесат за безбедноста и стабилноста не само на Палестинците, туку и на Израел. Верувам дека во Ерусалим може да се најде решение кое ќе ја почитува чувствителноста на сите верски групи“.

Претседателот Ердоган вчера во Претседателскиот комплекс во главниот град Анкара ги прими членовите на Турската еврејска заедница и Алијансата на рабините на исламските земји.

Во својот говор на приемот, Ердоган рече: „Треба да бидеме солидарни во борбата против растечката исламофобија, антисемитизмот и ксенофобијата, особено во западните земји.

Покрај тоа, сите ние треба да работиме заедно за зајакнување на средината на мир и стабилност на Блискиот Исток.

Никогаш не сакаме да видиме тензии, конфликти и превирања во оваа древна географија која е домаќин на светите места на сите три монотеистички религии.

Најголемата желба на Турција е Блискиот Исток каде живеат општества од различни религии, јазици и етникуми, да живеат заедно во мир.

Нашите предупредувања до израелската влада се да се погрижи на работите да им се пристапи од перспектива на долгорочниот мир и стабилност на Блискиот Исток.

Чекорите што треба да се преземат за палестинското прашање, особено во Ерусалим, ќе придонесат за безбедноста и стабилноста не само на Палестинците, туку и на Израел.

Гледано од тој аспект, придавам големо значење на нашиот обновен дијалог со претседателот на Израел, г-дин Херцог и со премиерот, г-дин Бенет“, рече претседетаелот Ердоган.

Изјавувајќи дека искрениот и конструктивен став на Израел во контекст на мировните напори ќе придонесе за процесот на нормализација, претседателот рече: „Верувам дека во Ерусалим може да се најде решение кое ќе ја земе предвид чувствителноста на сите верски групи. Односите меѓу Турција и Израел се од витално значење за стабилноста и безбедноста на нашиот регион“.

„Посебно значење придавам на вашата поддршка на ова прашање. Ние сме подготвени да ја подобриме нашата соработка и подобро да го искористиме нашиот висок потенцијал. Придавам важност на одржувањето контакт и дијалог, бидејќи верувам дека тоа е наш заеднички интерес“, рече Ердоган.



Слични вести