На 3. Самит за партнерство Турција-Африка договорена патна карта за продлабочување на односите

Претседателот Ердоган во оваа пригода истакна дека на 3. Самит за партнерство Турција-Африка е постигната согласност за патната карта за уште повеќе продлабочување на односите

1749467
На 3. Самит за партнерство Турција-Африка договорена патна карта за продлабочување на односите

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на крајот на 3. Самит за партнерство Турција-Африка што се одржа во Истанбул одржа заедничка прес конференција со привремениот претседавач со Африканската унија претседателот на Демократска Република Конго Феликс Антоан Чисекеди Чиломбо и со претседателот на Комисијата на Африканската унија (AfB) Муса Факи Махамат.

Претседателот Ердоган во оваа пригода истакна дека на 3. Самит за партнерство Турција-Африка е постигната согласност за патната карта за уште повеќе продлабочување на односите.

Велејќи дека односите меѓу Турција и Африка се искачени на ново и понапредно ниво, Ердоган рече: „Со декларацијата и заедничкиот акционен план коишто ги усвоивме на Самитот постигнавме  согласност за патната карта за уште повеќе продлабочување на нашите односи.“

„Ние се стремиме за заедничко профитирање, заедничко развивање, заеднички раст и заедничко чекорење рака за рака кон иднината, за зголемување на благосостојбата на нашите луѓе.“ - рече претседателот Ердоган појасни дека донесените одлуки на самитот ќе бидат спроведени со заедничко работење во соработка.

Појаснувајќи дека на самитот имале можност да разговараат со неговите африкански колеги за билатералните агенди и регионални прашања претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Би сакал да ја подвлечам нашата одлучност за продолжување на нашата соработка со нашите африкански пријатели, од тероризмот до борбата против организираниот криминал и опојните дроги и од намалувањето на сиромаштијата и до епидемиските болести. Со самитот што го одржавме успешно и покрај тешките епидемиски услови, верувам дека го надминавме критичниот праг во односите меѓу Турција и Африка.“

 



Слични вести