Либиската министерка за надворешни работи Менгуш: Турција е стратешки партнер на Африканската унија

Либиската министерка за надворешни работи Неџла ел-Менгуш истакна дека Турција е стратешки партнер на Африканската унија во политичката, економската и трговската сфера

1749295
Либиската министерка за надворешни работи Менгуш: Турција е стратешки партнер на Африканската унија

Во објавеното писмено соопштение од страна на Министерството за надворешни работи на Либија им е одделено место на изјавите на министерката за надворешни работи Неџла ел-Менгуш која присуствува на 3. Самит за партнерство Турција-Африка што се одржува во Истанбул.

Либиската министерка за надворешни работи Неџла ел-Менгуш во говорот што го одржа вчера во делот од самитот за министри за надворшени работи на земјите учеснички истакна дека Турција е стратешки партнер на Африканската унија во политичката, економската и трговската сфера.

Менгуш рече: „Онака како што меѓусебните трговски односи меѓу Турција и Африканската унија датираат од многу години, откако Африканската унија ја прогласи Турција за стратешки партнер на континентот во 2008 година, добија интензитет силните културни и социјални односи меѓу двете страни.“

Велејќи „Турција е стратешки партнер на Африканската унија“, Менгуш нагласие дека партнерството меѓу Турција и Африка помогна да се создаде поволна средина за инвестиции и да се обезбеди одржлив развој, онака како што се посакува, преку спроведувањето на „Агендата 2063“ која беше формирана од страна на Африканската унија со цел да стане центар на моќ во глобалниот систем.

Либиската министерка за надворешни работи Неџла ел-Менгуш привлече вниманието на значењето од одржување на заедничката соработка меѓу Африканската унија и Турција во политичката, економската и трговската сфера и тоа и покрај вонредните и тешките економски услови коишто влијаат на светот.

 



Слични вести