Средба на Чавушоглу со емирот на Дубаи Шејх Мухамед бин Рашид Ал Мактум

На средбата присуствуваа и Амбасадорот на Турција во Абу Даби Тугај Тунчер и генералниот конзул на Турција во Дубаи Мустафа Илкер Килич

1748024
Средба на Чавушоглу со емирот на Дубаи Шејх Мухамед бин Рашид Ал Мактум

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Дубаи кадешто престојува во официјална посета беше примен кај потпретседателот, премиер на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и емир на Дубаи Шејх Мухамед бин Рашид Ал Мактум.

На средбата присуствуваа и Амбасадорот на Турција во Абу Даби Тугај Тунчер и генералниот конзул на Турција во Дубаи Мустафа Илкер Килич.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во пораката што ја сподели на Твитер во врска со средбата, го напиша следното: „Ние уште повеќе ќе ги развиваме нашите економски и трговски односи со Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).“

 



Слични вести