Министерот Акар: Турците и Курдите се браќа, ние со векови го делиме истиот леб и истата вода

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека Турците и Курдите се браќа и дека оние кои сакаат да предизвикат зло, пакост и расправии не беа успешни во минатото, а нема да бидат успешни и денеска и утре

1747644
Министерот Акар: Турците и Курдите се браќа, ние со векови го делиме истиот леб и истата вода

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар вчера учествуваше на свеченото отворање на новоизградената услужна зграда на Трговската и индустриска комора на градот Батман (БАТСО) и во говорот што го одржа овде истакна дека Турците и Курдите се браќа и дека оние кои сакаат да предизвикат зло, пакост и расправии не беа успешни во минатото, а нема да бидат успешни и денеска и утре.

Нагласувајќи дека нема разлика меѓу сепаратистичко-терористичката организација ПКК и ЈПГ, нејзиниот продолжеток во северниот дел на Сирија, министерот Хулуси Акар го рече следното: „ПКК/ЈПГ никогаш не може да биде претставник на нашите браќа Курди. Онака како што ДЕАШ не ги претставува муслиманите, така и терористичката организација ПКК/ЈПГ не може да биде претставник на нашите курдски браќа. Турците и Курдите се браќа. Ние со векови го делиме истиот леб и истата вода. Нашите јунаци кои ги жртвуваа своите животи за нашето славно знаме, во нивните гробови, во гробиштата на паднатите борци, лежат еден покрај друг. Кога ќе ги погледнете на гробиштата на шехидите (паднатите борци) и особено на алејата на паднатите броци во Чанаккале, јасно ќе ја видите оваа слика. Оние кои сакаат да предизвикат зло, пакост и расправии не беа успешни во минатото, а нема да бидат успешни и денеска и утре.“

 



Слични вести