Во северниот дел на Сирија се неутрализирани тројца терористи
Министерството за национална одбрана соопшти дека во подрачјето на операцијата Извор на мирот во северниот дел на Сирија се неутрализирани тројца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ

Во подрачјето на операцијата Извор на мирот во северниот дел на Сирија се неутрализирани тројца терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.
Во споделената објава на профилот на Министерството за национална одбрана преку социјалната медија се истакнува следното: „Нема премин за тероризмот и терористите! Од страна на нашите јуначки командоси се неутрализирани тројца терористи на ПКК/ЈПГ кои отворија провоцирачки оган и се обидоа да се префрлат во подрачјето на операцијата Извор на мирот, со цел да ја нарушат средината на спокојство и доверба во подрачјето.“
Инаку, Турските вооружени сили (ТВС) ова подрачје во северниот дел на Сирија го исчистија од терористичките елементи со реализираната операција Извор на мирот во 2019 година.
Од друга страна, и во реализирана операција против сепаратистичко-терористичката организација ПКК внатре во границите на земјата, на планините Аманос кај градот Османије во една утврдена скривница се запленети 50 килограми експлозив. По извршениот увид, скривницата и запленетиот експлозив беа уништени.