Средба на Чавушоглу со турските бизнисмени во Обединетите Арапски Емирати
На средбата со членовите на Турскиот деловен совет во Дубаи, покрај министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу учествуваа и амбасадорот на Турција во Абу Даби Тугај Тунчер и генералниот конзул на Турција во Дубаи Мустафа Илкер Килич

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Дубаи се состана со турските деловни луѓе во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) каде што престојува во официјална посета.
Велејќи дека е свесен за успесите на деловните луѓе во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Чавушоглу рече: „Ние се гордееме со нашите деловни луѓе, нашите граѓани и вашите достигнувања, како во оваа земја, така и во светот.“
Чавушоглу, на својот профил на социјалната мрежа Твитер, во врска со средбата напиша: „Ќе продолжиме да ги поддржуваме нашите деловни луѓе кои одигруваат голема улога во развојот на нашите трговски односи со Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Нашата трговија во наредниот период ќе се зголеми уште повеќе.“
На средбата со членовите на Турскиот деловен совет во Дубаи, покрај министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу учествуваа и амбасадорот на Турција во Абу Даби Тугај Тунчер и генералниот конзул на Турција во Дубаи Мустафа Илкер Килич.