Министерот Хулуси Акар: Бројот на неутрализираните терористи од почетокот годината изнесува 2.631

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар информира дека бројот на неутрализираните терористи од 24 јули 2015 година досега внатре во  земјата и на северот на Ирак и Сирија изнесува 33.112 терористи, а од почетокот на годината 2.631

1747525
Министерот Хулуси Акар: Бројот на неутрализираните терористи од почетокот годината изнесува 2.631

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во дадената изјава во градот Батман истакна дека турските војници Мехметчик од една страна ја обезбедуваат безбедноста на границите и водат успешна борба  против тероризмот, а од друга страна успешно ги извршуваат своите задачи во морето и во воздухот.

Акар информира дека бројот на неутрализирани терористи од почетокот на оваа година досега изнесува 2.631.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече: „Нашите операции во борбата против тероризмот продолжуваат. Од 24 јули 2015 година внатре во  земјата и на северот на Ирак и Сирија се неутрализирани 33.112 терористи. Од почетокот на оваа година пак, бројот на неутрализираните терористи достигна до 2.631. Во точката до којашто сме дојдени го гледаме распаѓањето (колапсот) на терористичката организација. Нашата борба ќе продолжи се додека не биде неутрализиран и последниот терорист.“



Слични вести