Претседателот на Собранието Шентоп: Исламофобијата е измислена од страна на Западњаците

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп истакна дека прашањето на исламофобијата (непријателството кон исламот) се појавило со идеалот за глобална доминација на Западниот свет.

1746863
Претседателот на Собранието Шентоп: Исламофобијата е измислена од страна на Западњаците

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп говореше на отворањето на панелот под наслов „Исламофобијата во Европа: Проблеми, приоди, решенија“ што се одржа во Собранието, а по повод 10 декември, Денот на човековите права.

Шентоп истакна дека прашањето на исламофобијата (непријателството кон исламот) се појавило со идеалот за глобална доминација на Западниот свет.

Велејќи дека борбата против глобалниот тероризам ќе ja легитимизира глобалната доминација и дека исламофобијата е најважниот материјал за тоа, Мустафа Шентоп рече: „Она што беше потребно за глобална доминација беше глобалниот терор.“

Шентоп нагласи дека меѓународниот тероризам, а првенствено Ал Каеда и ДЕАШ, всушност се структури создадени и поддржани од западните земји и нивните разузнавачки служби.

Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп потсети дека е обелоденета врската на француската градежна компанија „Лафарж“( Lafarge) со терористичката организација ДЕАШ во Сирија.

Тој рече: „На пример, во тек е истрага во врска со Лафарж, околу тоа дека за нејзината помош на ДЕАШ била информирана и владата (на Франција). Прашањето здоби правна димензија. Тоа се појави случајно со некои исповеди.“

Нагласувајќи дека исламот не дозволува тероризам, но дека  се водат обиди за поврзување на муслиманите со тероризмот за да се создаде исламофобија на Запад, претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп рече: „Тие го измислија муслиманскиот терористички модел и за да го поддржат, беа водени напори да се олесни неговата циркулација во монетарна, воена смисла. Затоа, Западњаците се тие кои ја измислија исламофобијата, кои всушност се покровители на меѓународниот тероризам“.



Слични вести