Порака со сочувство од Турција за загинатите во експлозијата во Италија
Министерството за надворешни работи објави порака со сочувство за загинатите во експлозијата на гас на островот Сицилија на југот на Италија во која според добиени информации загинаа 7 лица

Турција објави порака со сочувство за загинатите во експлозијата на гас на островот Сицилија на југот на Италија во која според добиени информации загинаа 7 лица.
Во објавеното писмено соопштение од страна на Министерството за надворешни работи, се истакнува дека со жалење е дознаено дека во експлозијата на гас што се случи во градчето Равануса на островот Сицилија во која беа срушени голем број згради и кадешто се во тек активностите за пребарување и спасување на затрупаните лица под рушевините.
Во соопштението се вели следното: „Го изразуваме нашето сочувство до семејствата и блиските на оние кои ги загубија животите во овој трагичен настан, ги испраќаме нашите желби за побрзо оздравување на повредените и го доставуваме нашето сочувство до пријателската и сојузничка италијанска влада и народот.“
Италијанскиот печат соопшти дека во експлозијата што се случи вчера наутро во градчето Равануса на островот Сицилија животите ги загубија 7 лица, 3 куќи се срушени, а 3 куќи се оштетени.
Слични вести
