Порака од претседателот Ердоган по повод 10 декември - Денот на човековите права

Претседателот Ердоган истакна дека Турција ја подава својата рака за помош секаде онаму каде што има угнетени, ранливи (оштетени), со верување дека „е можен поправеден свет“

1745783
Порака од претседателот Ердоган по повод 10 декември - Денот на човековите права

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган испрати видео порака до програмата во организација на Одделот за човекови права на неговата владејачка Партија за правда и развој (АК Партијата), а по повод 10 декември - Светскиот ден на човековите права.

Ердоган истакна дека Турција ја подава својата рака за помош секаде онаму каде што има угнетени, ранливи (оштетени), со верување дека „е можен поправеден свет“.

Претседателот Ердоган појасни дека Универзалната декларација за човекови права на Обединетите нации (ОН) која пред 73 години беше усвоена со големи надежи, сè уште го зачувува својство како значаен водич во одбраната на глобалниот мир и стабилност.

Меѓутоа, Ердоган напомена дека со секој поминат ден се повеќе се зголемуваат заканите против принципите внесени во декларацијата, на чело со исламофобијата и културниот расизам.

Тој рече: „Иако ја одразува само површината на сантата мраз, статистичките податоци ги изнесуваат јасно димензиите на исламофобијата и ксенофобијата. Минатата година, бројот на извршени злосторства од омраза е зголемен за двапати во споредба со претходните години. Повторно минатата година, бројот на извршените напади врз мигранти во 3 земји во Европа кадешто живеат најголем број наши граѓани изнесува над 3.000.“

Појаснувајќи дека оние кои секогаш говорат за човекови права и слободи, замижуваат пред хуманитарните трагедии (драми) коишто се случуваат, претседателот Ердоган нагласи дека во еден таков период кога се игнорираат (сметаат за ништовни) човековите права, Турција се истакнува со своите активности со кои луѓето и човечките вредности ги поставуваат во центарот.

„Ставаме потпис на услуги кои го спасуваат човечкото достоинство во сите кризни региони од Сирија до Јемен, од Авганистан до Аракан. Со верба дека е можен поправеден свет, ние ја подаваме нашата рака за помош секаде кадешто има угнетено и ранливо/угнетено лице. Ние сме една од земјите кои донираат најмногу хуманитарна помош во однос на националниот доход, во светот. Ние угостуваме во нашата земја (сме домаќини на) речиси 5 милиони наши браќа и сестри кои избегаа од војната, конфликтите и теророт. Во борбата против епидемијата, наместо да се повлечеме во себе како другите, ние ги споделуваме нашите можности со пријателските и братските земји. Не се воздржуваме да ја покажеме нашата реакција наспроти неправдата и незаконитоста.“

 



Слични вести