Ердоган: Со одлучност ја продолжуваме нашата чувствителност во однос на статусот на Источен Ерусалим и светоста на џамијата Ал Акса

Претседателот Ердоган истакна дека Турција со одлучност ја продолжува својата чувствителност во врска со статусот на Источен Ерусалим (Кудс) и светоста на џамијата Ал Акса

1745770
Ердоган: Со одлучност ја продолжуваме нашата чувствителност во однос на статусот на Источен Ерусалим и светоста на џамијата Ал Акса

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на отворањето на 16. конференција на Парламентарната унија на Организацијата за исламска соработка (ИСИПАБ или ISIPAB) што се одржува во сарајот Долмабахче во Истанбул кадешто истакна дека борбата за Кудс (Ерусалим) не е само борба на неколку храбри муслимани, туку е заедничка борба (кауза) на целиот муслимански свет.

Ердоган напомена дека Турција со одлучност ја продолжува својата чувствителност во врска со статусот на Источен Ерусалим (Кудс) и светоста на џамијата Ал Акса (Месџид-и Акса).

Појаснувајќи дека со секој поминат ден се зголемуваат едностраните применувања во Палестина и дека неправедната, незаконска и бескрупулозна блокада на Газа продолжува, претседателот Ердоган нагласи дека би било неправедно цената на геноцидот врз Евреите во Европа за време на Втората светска војна денеска да им се наплаќа на Палестинците.

Тој рече: „Како внуци/потомци на предци кои владееле со Ерусалим (Кудс) со правда 400 години, не сакаме да видиме крв, солзи и угнетување во Палестина.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека Турција со одлучност ја продолжува својата чувствителност во однос на статусот на Источен Ерусалим (Кудс) и светоста на џамијата Ал Акса, а воедно го рече следното: „(Постојан мир и стабилност) Патот до тоа е да се формира независна, суверена, територијално интегрирана држава Палестина на границите од 1967 година, со главен град Кудс (Ерусалим).“

Велејќи дека зајакнувањето на мировната клима во регионот во наредниот период ќе биде определено со заедничките чекори што ќе се преземат, Ердоган рече: „Мораме да делуваме во единство и заеднички и да избегнуваме секој вид дејство што ќе ја ослабне палестинската кауза. Треба да ги продолжиме нашите напори за да ја биде доведена палестинската кауза на место коешто го заслужува на светскиот дневен ред и за да се изнајде праведно решение“.

Претседателот Ердоган подвлече дека имаат заедничка желба и Авганистан да се стекне со траен мир и стабилност, а воедно истакна дека приоритет е да продолжи хуманитарната помош за нашите авганистански браќа, особено сега во тешки зимски услови.

„Ги продолжуваме нашите напори Авганистан повторно да не биде вовлечен во хаос и конфликти.“ - рече Тој.

Во однос на прашањето со миграцијата, претседателот Ердоган истакна дека главниот товар по прашањето со миграцијата и мигрантите наместо западните земји чиј глас се слуша повисоко, го носат земјите како Турција, кои се соседи на кризните региони.

Појаснувајќи дека Советот за безбедност на Обединетите нации не ги исполни своите одговорности во кризата со Сирија и стана причина за големо разочарување, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Не можеме да дозволиме Европа, кадешто живеат 35 милиони муслимани од различно потекло, да стане концентрационен логор за нашите браќа.“

 



Слични вести