Утре во Москва ќе се одржи првиот состанок за воспоставување траен мир и стабилност во Јужен Кавказ

На оваа прва средба на Јужнокавкаската регионална платформа за соработка предложена од претседателот Ердоган и Азербејџанскиот претседател Алиев, Турција ќе ја претставува делегација предводена од заменик министерот за надворешни работи Седат Онал

1745266
Утре во Москва ќе се одржи првиот состанок за воспоставување траен мир и стабилност во Јужен Кавказ

Првиот состанок на платформата за регионална соработка за воспоставување траен мир и стабилност во Јужен Кавказ ќе се одржи на 10 декември (утре) во главниот град на Русија, Москва.

На оваа прва средба на Јужнокавкаската регионална платформа за соработка предложена од претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, Турција ќе ја претставува делегација предводена од заменик министерот за надворешни работи амбасадорот Седат Онал.

Во објавеното соопштение преку профилот на Министерството за надворешни работи преку социјалните медиуми, се истакнува следното: „Првиот состанок на платформата за регионална соработка во формат 3+3 предложена од страна на нашиот почитуван претседател (Реџеп Тајјип Ердоган) и претседател на Азербејџан Илхам Алиев, за воспоставување траен мир и стабилност во Јужен Кавказ, ќе се одржи на 10 декември 2021 година во Москва.“

Во соопштението се вели дека на состанокот на која Азербејџан, Ерменија, Русија и Иран ќе учествуваат на ниво на заменици министри за надворешни работи Турција ќе ја претставува делегација предводена од страна на заменик министерот за надворешни работи амбасадорот Седат Онал.



Слични вести