Украина има позитивен приод кон учеството на Турција во разговорите за руско-украинската тензија

Портпаролот за печат на украинскиот претседател Сергиј Никифоров истакна дека ги оценуваат позитивно алтернативите во врска со директните разговори со Русија, учеството на Турција на овие разговори и приклучувањето на САД кон Нормандискиот формат

1745053
Украина има позитивен приод кон учеството на Турција во разговорите за руско-украинската тензија

Портпаролот за печат на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Сергиј Никифоров, изјави дека имаат позитивно мислење за форматите кои ќе бидат од корист за решението, вклучувајќи го и учеството на Турција во разговорите посветени на кризата во Донбас и општо руско-украинската тензија.

Никифоров во дадената изјава за рускиот весник „Комерсант“ истакна дека ги оценуваат позитивно алтернативите во врска со директните разговори со Русија, учеството на Турција на овие разговори и приклучувањето на Соединетите Американски Држави (САД) кон Нормандискиот формат, а воедно ја изнесе следната констатација: „Важно е тоа што тоа носи практични резултати“.

Инаку, претседателот Реџеп Тајип Ердоган во направената проценка за новинарите вчера по неговата остварена посета на Катар, го рече следното: „Со согласност и на двете страни, можеме да понудиме олеснување, посредување или поддршка во кој било формат што е пожелен (во руско-украинската тензија).“



Слични вести