Предупредување од Велика Британија до Русија по прашањето со Украина

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас во дадената изјава во врска со остварената средба со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во Лондон истакна дека евентуалниот руски напад врз Украина ќе претставува стратешка грешка

1744938
Предупредување од Велика Британија до Русија по прашањето со Украина

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас се состана со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба кој престојува во посета на Лондон.

Трас во дадената изјава во врска со остварената средба истакна дека евентуалниот руски напад врз Украина ќе претставува стратешка грешка.

Таа напомена дека ситуацијата со којашто се соочува Украина денеска е една од претходно видените тактики на Русија.

Нагласувајќи дека „Русија залудно се обидува да ги дестабилизира своите демократски соседи за да ги контролира“, Лиз Трас рече: „Велика Британија, заедно со НАТО и нашите европски партнери, ќе продолжи да го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Ние стоиме покрај нашите сојузници во одбраната и развојот на границите на слободата. Ја повикуваме Русија да ги почитува нејзините меѓународни обврски и ветувања, вклучувајќи го и намалувањето на тензијата и известувањето за воената раздвиженост и враќањето на маса за сериозни разговори.  Евентуалниот руски напад врз Украина ќе претставува стратешка грешка и ќе има свои последици.“

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас подвлече дека „ќе продолжат да соработуваат одблизу со Украина за да ги заштитат слободата, демократијата и безбедноста“.

Инаку, и претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден на остварената онлајн средба со рускиот претседател Владимир Путин завчера истакна дека „доколку Русија ја нападне и окупира Украина, последиците од тоа ќе бидат тешки и Русија ќе се соочат со досега невидени економски последици“.



Слични вести