По пат на убедување се предаде уште еден терорист

Министерството за внатрешни работи соопшти дека како резултат на активностите за убедување уште еден терорист, член на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кој избегал од организацијата, им се предаде на безбедносните сили

1745292
По пат на убедување се предаде уште еден терорист

Уште еден терорист, член на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кој избегал од организацијата, им се предаде на безбедносните сили.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за внатрешни работи се истакнува дека како резултат на активностите за убедување водени од страна на Генералната команда на жандармеријата и Генералната дирекција на полциијата е утврдено дека еден член на терористичка организација  ПКК кој избегал од организацијата денеска им се предаде на безбедносните сили.

Како што се вели предадениот терорист ѝ се приклучил на терористичката организација во 1989 година и како што е установено делувал во Ирак.

На тој начин бројот на терористите кои се предадоа во рамките на активностите за убедување во текот на оваа година, се зголеми на 188.

 

 



Слични вести