Знаците за потенцијална ескалација на тензиите околу Украина се причина за загриженост

Како крајбрежни и регионални држави, ја имаме најважната улога во одржувањето на мирот, безбедноста и стабилноста во овој историски стратешки регион во светот

1744635
Знаците за потенцијална ескалација на тензиите околу Украина се причина за загриженост

Заменик министерот за надворешни работи, амбасадорот Седат Онал рече дека знаците за потенцијална ескалација на тензиите околу Украина се причина за загриженост и подвлече: „Постои потреба да се намали тензијата преку дипломатија“.

Амбасадорот Седат Онал на учесниците на панелот на Софискиот безбедносен форум насловен како „Иднината на трансатлантските односи: Отворање нова страница за подобрување на соработката во услови на нови безбедносни предизвици“ им се обрати преку видео порака.

Укажувајќи дека црноморскиот регион уште еднаш се наоѓа на агендата, Онал рече: „Како крајбрежни и регионални држави, ја имаме најважната улога во одржувањето на мирот, безбедноста и стабилноста во овој историски стратешки регион во светот. Како што пред 30 години, со формирањето на Црноморската организација за економска соработка концептот на безбедност,  го изнесовме поимот безбедност, истиот треба да биде поддржан со економска соработка, меѓузависност и развој“.

Онал, исто така, ја подвлече важноста од регионална сопственост, почитување на меѓународните правила и принципи за добрососедство, почитување на територијалниот интегритет и политичко единство на државите и цврсто верување во заедничката судбина на сите крајбрежни и регионални земји“.

Заменик министерот за надворешни работи Онал во продолжение рече: „Во сегашната ситуација, знаците за потенцијална ескалација на тензиите околу Украина се причина за сериозна загриженост. Ова прашање беше исто така една од приоритетните теми на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Рига. Како што беше нагласено на состанокот, НАТО, треба да заземе цврст и заеднички став за принципиелните прашања и да одржува целосна солидарност и одвраќање, а истовремено да ги повика сите страни да се воздржат од штетни и провокативни дејства. Постои потреба да се намалат тензиите преку дипломатија и здрав разум."



Слични вести