Претседателот Ердоган: Нашиот овогодишен раст оди кон двоцифрена бројка

Претседателот Ердоган истакна дека минатата година кога во период на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) глобалната економија се намали за 3,4 отсто, Турција забележа раст од 1,8 отсто додека овогодишниот раст оди кон двоцифрена бројка

1744881
Претседателот Ердоган: Нашиот овогодишен раст оди кон двоцифрена бројка
erdogan.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по состанокот на претседателскиот кабинет се појави пред камерите кадешто нагласи дека минатата година кога во период на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) глобалната економија се намали за 3,4 отсто, Турција забележа раст од 1,8 отсто.

Тој рече: „Нашиот овогодишен раст оди кон двоцифрена бројка.“

Велејќи дека 19 години како се наоѓаат на власт во Турција и управуваат со сфаќање на демократија и развој што се потпира на правичност и дека спасот на земјата го гледаат во инвестициите, вработувањето, производството, извозот и вишокот на тековната сметка, а не во рецептите водени од глобалните сили на интерес, претседателот Ердоган рече: „Нашата цел е да обезбедиме постојано производство, постојано вработување и постојан просперитет. Развивајќи го забрзано нашиот индустриски капацитет, со ниски каматни стапки и избалансиран девизен курс производството и вработувањето чекор по чекор ќе го водиме кон уште понапред.“

„Со потпишување на вкупно 84 меморандуми кои опфаќаат сфери во политички, воени, трговски, економски и културни прашања ние постојано ја унапредивме нашата соработка со Катар.“ - појасни претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и истакна дека ќе биде уште повеќе унапреден започнатиот нов период со Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

 



Слични вести