Ердоган: Катар покажа доверба во Турција

Турските и катарските власти денес потпишаа 15 нови договори за унапредување на соработката меѓу двете земји

1744443
Ердоган: Катар покажа доверба во Турција

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган за време на дводневната посета на Доха ја посети и командата на Здружените сили на Катар и Турција.

Обраќајќи им се на присутните, Ердоган истакна дека Турција заедно со Катар придава големо значење на мирот и безбедноста во целиот регион на Персискиот залив.

„Ние се стремиме да ја подобриме нашата соработка со земјите од Заливот врз основа на взаемен интерес и почит. Не сакаме да видиме тензии, конфликти и непријателство во овие земји. Сакаме оваа прекрасна географска област, која има огромен потенцијал во однос на подземните ресурси и трговијата, со своето братство и солидарност и да се развиваат и зајакнуваат во секоја смисла“, рече претседател Ердоган и додаде:

„Без разлика на потеклото, мезхебот (исламската школа на мислата) или религијата, сите народи во Заливот се наши вистински браќа“.

Ердоган истакна дека Турција и Катар имаат и многу добри економски и трговски врски.

„Ние им ја даваме потребната поддршка на нашите браќа од Катар кои придонесуваат за растот на Турција врз основа на инвестиции, вработување, производство и извоз. Катар отсекогаш бил со нас во моментите на шпекулативни напади врз турската економија и покажал доверба во нашата земја“ рече Ердоган.

Тој, исто така, истакна дека никогаш нема да ја заборави солидарноста што ја покажаа граѓаните на Катар со турскиот народ за време на обидот за крвавиот пуч на 15 јули 2016 година. Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) е одговорна за крвавиот обид за пуч во Турција ноќта на 15 јули 2016 година.

Турските и катарските власти денес потпишаа 15 нови договори за унапредување на соработката меѓу двете земји.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган и катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани присуствуваа на церемонијата на потпишување договори во повеќе области, вклучувајќи ги трговијата, инвестициите, развојот, културата, младите, спортот, дипломатија, здравството, верските прашања и медиумите.

По церемонијата на потпишување беше приреден свечен ручек на кој присуствуваа Ердоган и Ал Тани, како и делегации од двете земји.

Ердоган и Ал Тани денес треба да присуствуваат и на седмиот состанок на Високиот стратешки совет на Турција и Катар.



Слични вести