Ердоган во Катар пречекан со највисоки државни почести

По официјалниот пречек, претседателот Ердоган и Ал Сани продолжија со тет-а-тет средба

1744093
Ердоган во Катар пречекан со највисоки државни почести

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган престојува во официјална посета на Катар каде што од страна на емирот на Катар, Шеик Тамим бин Хамед Ал Сани во главниот град на Катар Доха, беше пречекан со највисоки државни почести.

На церемонијата пред Емиратската палата, откако претседателот Ердоган и емирот на Катар Ал Сани ги зазедоа своите места на просторот за церемонијата, беа интонирани националните химни на двете земји, по кој настан

Ердоган и Ал Сани, заедно ја поздравија почесната гарда, а потоа си ги претставија своите делегации.

По официјалниот пречек, претседателот Ердоган и Ал Сани продолжија со тет-а-тет средба.

На церемонијата учествуваа министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, министерот за национална одбрана Хулуси Акар, министерот за трговија Мехмет Муш, министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли, министерот за здравство Фахретин Коџа, министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој, директорот за комуникации Фахретин Алтун, претседателот на Националната разузнавачка служба (МИТ) Хакан Фидан, претседателот на претседателството за одбранбена индустрија Исмаил Демир, портпаролот на кабинетот на претседателот Ибрахим Калин, заменик-претседателот на Партијата за правда и развој (АК Партијата) и портпарол на партијата Омер Челик и претседателот на Управата за верски прашања Али Ербаш.



Слични вести