Ердоган: „Визијата и вредностите на Алијансата на цивилизациите се потребни повеќе од било кога“

Г-дин Сампајо вложи напори да ја трансформира Алијансата на цивилизациите во структура која ќе му служи на меѓународниот мир

1743871
Ердоган: „Визијата и вредностите на Алијансата на цивилизациите се потребни повеќе од било кога“

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече: „Во ова време кога исламофобијата, расизмот, антисемитизмот и ксенофобијата се во пораст, визијата и вредностите на Алијансата на цивилизациите се потребни повеќе од било кога“.

Претседателот Ердоган испрати видео порака на комеморацијата на поранешниот претседател на Португалија и прв висок претставник на Алијансата на цивилизациите на Обединетите нации (ОН), Хорхе Сампајо, кој почина во септември.

Во пораката која беше објавена на церемонијата одржана во седиштето на Обединетите нации во Њујорк за комеморација на Сампајо, Ердоган изрази длабока тага за смртта на Сампајо.

Изразувајќи го своето сочувство до семејството на Сампајо, португалскиот народ и заедницата на Обединетите нации, Ердоган истакна дека Сампајо е исклучителен државник кој одигра важна улога во историјата на демократијата на Португалија.

„Г-дин Сампајо даде драгоцен придонес во формирањето на концептуалната рамка, институционализацијата и диверзификацијата на активностите на Алијансата на цивилизациите за време на оваа задача што ја извршуваше од 2007 до 2012 година. Тој вложи напори да ја трансформира Алијансата на цивилизациите во структура која ќе му служи на меѓународниот мир“. Претседателот Ердоган во продолжение рече: „Во ова време кога исламофобијата, расизмот, антисемитизмот и ксенофобијата се во пораст, визијата и вредностите на Алијансата на цивилизациите се потребни повеќе од било кога. Оваа иницијатива, чии семиња ги фрливме пред 16 години, нуди значаен излез од кризите во кои се наоѓа светот“.



Слични вести