Турција остро го осуди нападот во Нигер

Силно го осудуваме овој грозоморен чин на тероризам. Им изразуваме искрено сочувство на семејствата на војниците кои ги загубија животите во нападот и на пријателскиот и братскиот народ и владата на Нигер

1743375
Турција остро го осуди нападот во Нигер

Турција остро го осуди терористичкиот напад врз штабот на здружените сили Г5 Сахел на границата на Нигер со Мали.

Во писменото соопштение од Министерството за надворешни работи, беше истакнато дека со длабока тага беше примена веста дека 29 припадници на безбедносните сили на Нигер ги загубија животите во терористичкиот напад на базата доделена на Здружените сили Г5 Сахел во регионот Тера/Тилабери во Нигер.

Во соопштението беше подвлечено: „Силно го осудуваме овој грозоморен чин на тероризам. Им изразуваме искрено сочувство на семејствата на војниците кои ги загубија животите во нападот и на пријателскиот и братскиот народ и владата на Нигер“.

Нигерските медиуми објавија дека штабот на силите Г5 Сахел вчера бил нападнат од неидентификувани вооружени лица.

Според првичните информации, во нападот загинале 29 војници, а во конфликтот што следел биле убиени 79 терористи.



Слични вести