Ердоган отпатува во посета на Катар

Во рамките на псоетата ќе се одржи 7-от состанок на Високиот стратешки комитет Турција-Катар

1743703
Ердоган отпатува во посета на Катар

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција се обидува да ја развие соработката како со Катар така и со другите земји во Заливот.

Претседателот Ердоган, на прес-конференцијата што ја одржа на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул пред да замине за Катар, истакна дека односите меѓу Турција и Катар со нивното пријателство и стратешка перспектива, од ден на ден се се посилни и дека во последните години е постигнат добар напредок.

Потенцирајќи дека Турција и Катар се две држави кои го задржуваат својот цврст став, Ердоган рече дека го зајакнале партнерството со Катар на принципот „победи-победи“, од економија до одбрана, од трговија до инвестиции.

Наведувајќи дека се обидуваат да ја развијат соработката како и со Катар, така и со другите земји во Заливот, Ердоган продолжи: „Ги поздравуваме дипломатските напори за повторно отворање на вратите на дијалогот во регионот на Персискиот залив и за расчистување на недоразбирањата. Како Турција, го покажуваме нашето единство и солидарност со сите земји од Заливот, ние сме за продолжување на односите во иднина со тоа што ќе станеме многу посилни“.

Претседателот Ердоган по прес-конференцијата замина за Катар.

Ердоган, во главниот град Доха ќе биде пречекан со официјална церемонија од емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамед Ал Сани.

Двајцата лидери по церемонијата ќе имаат тета- тет средба. На средбата, на која ќе се разговара за сите аспекти на односите меѓу Турција и Катар, ќе бидат разменети мислења за регионалните случувања, особено за Авганистан, Сирија и Либија.

За време на посетата на претседателот Ердоган на Катар ќе бидат преземени чекори за зголемување на постојната соработка.

Во овој контекст ќе се одржи 7-от состанок на Високиот стратешки комитет Турција-Катар.

Како резултат на состаноците на комитетот, од кои првиот се одржа во 2015 година меѓу двете земји, беа потпишани 62 договори во многу области од трговија до енергетика, од одбраната до индустрија.

На 7-от состанок со кој ќе претседаваат Ердоган и Ал Сани ќе бидат потпишани различни договори.



Слични вести