Ердоган: „Извозот на Турција се зголеми на 221 милијарда долари на годишно ниво“

Извозот во ноември е зголемен за 33,44 отсто во однос на истиот период минатата

1742324
Ердоган: „Извозот на Турција се зголеми на 221 милијарда долари на годишно ниво“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече: “Извозот на Турција се зголеми на 221 милијарда долари на годишно ниво. Ќе работиме повеќе, ќе произведуваме повеќе, ќе растеме повеќе“.

Претседателот Ердоган на својот профил на социјалните мрежи ги сподели податоците за надворешната трговија.

Истакнувајќи дека според податоците за надворешната трговија кои беа објавени вчера, извозот во ноември е зголемен за 33,44 отсто во однос на истиот период минатата година и е остварен раст на 21,5 милијарди долари, Ердоган рече: „Нашиот годишен извоз достигна 221 милијарда долари. ќе работиме повеќе, ќе произведуваме повеќе, ќе растеме повеќе“.

Објавата на Ердоган, исто така, содржеше визуелна  содржина за бројките за надворешната трговија.

Според тоа, највисока месечна вредност на извозот е постигната со пораст од 33,44 отсто во ноември. Ноемврискиот извоз, кој лани изнесуваше 16 милијарди 89 милиони долари, годинава се зголеми на 21 милијарда 468 милиони долари. Извозот во изминатите 11 месеци од годината од 151 милијарди 801 милион долари се зголеми на 203 милијарди 141 милион долари.



Слични вести