Ердоган: „Турција влезе меѓу земјите кои произведуваат поморски топови“

Ја елиминирале странската зависност на земјата од морските топови, како и во другите области

1742109
Ердоган: „Турција влезе меѓу земјите кои произведуваат поморски топови“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција со националниот поморски топ што го разви, стана една од ретките земји кои го произведуваат овој вооружен систем.

Претседателот Ердоган испрати видео порака до Програмата за копнено гаѓање со морски топови на Машинската и хемиска индустрија (MKE) што се одржува во главниот град Анкара.

Наведувајќи дека (денес) е историски ден за турската одбранбена индустрија, Ердоган рече: „Морските топови се вооружени системи кои доаѓаат до израз како незаменлив елемент на морнариците. Овие системи на оружје, кои се ударна моќ на воените бродови, играат критична улога во борбата“.

Нагласувајќи дека кон напорите  на Турција за локализирање на одбранбената индустрија пред околу една година, го додадоа и производството на морските топови, Ердоган рече дека ја елиминирале странската зависност на земјата од морските топови, како и во другите области.

Турција стана една од ретките земји што го произведуваат овој вооружен систем со националниот поморски топ што го разви“ рече Ердоган.



Слични вести