Ердоган и Кишида разговараа за зајакнување на односите меѓу Турција и Јапонија

Ердоган и Кишида разговараа за чекорите за унапредување на билатералната соработка меѓу Турција и Јапонија

1741752
Ердоган и Кишида разговараа за зајакнување на односите меѓу Турција и Јапонија

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган со премиерот на Јапонија Фуми Кишида разговараше за билатералните и регионални прашања.

Дирекцијата за комуникации при кабинетот на претседателот соопшти дека Ердоган и Кишида разговараа за чекорите за унапредување на билатералната соработка меѓу Турција и Јапонија.

Ердоган му честиташе на Кишида за неговиот избор за шеф на јапонската влада и изрази уверување дека блиската соработка меѓу Турција и Јапонија ќе продолжи и во иднина.

Претседателот Ердоган исто така рече дека стратешкото билатерално партнерство треба дополнително да се интензивира на повеќе полиња, вклучително и економијата, образованието, управувањето со вонредни состојби, енергијата, безбедноста и воената одбранбена индустрија.



Слични вести