Чавушоглу во Шведска се сретна со Жозеп Борел

Со високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, со кого се сретнавме во Стокхолм, разговаравме за надворешно-политичките прашања од нашата агенда како Авганистан, Либија, Украина и Кипар

1741790
Чавушоглу во Шведска се сретна со Жозеп Борел
cavusoglu-borrell.jpg
vladimir makei-cavusoglu.jpg
cavusoglu isvec uluslararasi demokratlar birligi.jpg

 

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Шведска се сретна со високиот претставник за надворешни односи и безбедносна политика на Европската унија (ЕУ) Жозеп Борел и со белорускиот министер за надворешни работи Владимир Макеи.

Мевлут Чавушоглу на својот Твитер профил во врска со средбите што ги одржа во Стокхолм, главниот град на Шведска, каде што присуствуваше на 28. состанок на Советот на министри на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), сподели објава.

Во својата објава за средбата со Макеи, Чавушоглу изјави дека „На нашата прва средба во Стокхолм разговаравме за нашите односи со белорускиот министер за надворешни работи Владимир Макеи, регионалните случувања и нерегуларната миграција“.

Во својата објава во врска со другата средба, Чавушоглу рече: „Со високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, со кого се сретнавме во Стокхолм, разговаравме за надворешно-политичките прашања од нашата агенда како Авганистан, Либија, Украина и Кипар.

Во врска со средбата со претставниците на шведската организација на Меѓународната унија на демократите, Чавушоглу рече: „Ќе продолжиме со поддршката за заштита на правата на нашите граѓани во странство и за изнаоѓање решенија за нивните проблеми“.



Слични вести