Ердоган: „Оние кои долгорочно инвестираат во Турција секогаш заработувале и натаму ќе заработуваат“

Ќе постигнеме раст од 10 %. Нашата прогноза е најмалку 10, но може да се надмине

1741110
Ердоган: „Оние кои долгорочно инвестираат во Турција секогаш заработувале и натаму ќе заработуваат“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече: „Оние кои долгорочно инвестираат во Турција секогаш заработувале и натаму ќе заработуваат“.

Претседателот Ердоган во заедничката емисија на Турската радио и телевизија (ТРТ) направи проценка на случувањата на дневниот ред.

Во врска со очекувањата за економскиот раст на крајот на годината, Ердоган рече: „Ќе постигнеме раст од 10 %. Нашата прогноза е најмалку 10, но може да се надмине“.

Велејќи: „Каматата е причина, инфлацијата е резултатот“, претседателот Ердоган рече дека ја намалиле каматната стапка и дека ќе се намали и инфлацијата. За странските инвеститори време е за долгорочни инвестиции. Оние кои долгорочно инвестираат во Турција отсекогаш заработувале и натаму ќе заработуваат“.



Слични вести