Во ноември се неутрализирани 169 терористи, а од почетокот на годината вкупно 2.529 терористи

Мајор Пинар Кара информира дека во ноември во 61 реализирана операција се неутрализирани 169 терористи, а бројот на неутрализираните терористи од почетокот на годината досега изнесува вкупно 2.529

1740851
Во ноември се неутрализирани 169 терористи, а од почетокот на годината вкупно 2.529 терористи

Мајор Пинар Кара, офицер за планирање за Консултантски услуги за односи со јавноста при Министерството за национална одбрана, одржа брифинг за новинарите во Центарот за информирање на печатот „Шехид новинар Хасан Тахсин“ во Министерството, кадешто информира дека во ноември во 61 реализирана операција се неутрализирани 169 терористи, а бројот на неутрализираните терористи од почетокот на годината досега изнесува вкупно 2.529.

Мајор Кара рече: „Во ноември се фатени 756 лица од кои 51 терорист при обид за премин по незаконски патишта од границите, 24.118 лица беа спречени да ја преминат границата. Грција од почетокот на 2021 година со воени поморски и воздушни средства изврши 2.321 прекршување кон островите со невоен статус.“

Мајор Пинар Кара воедно ја даде и следната информација: „Досега во Либија и во Турција им е дадена обука на 6.799 припадници на Вооружените сили на Либија, а продолжува обуката на 974 припадници Вооружените сили на Либија.“

 



Слични вести