Шентоп: Ние отсекогаш ја поддржувме слободна и независна Палестина со главен град Источен Ерусалим (Кудс)

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп: Ние отсекогаш ја поддржувме слободна и независна Палестина со главен град Источен Ерусалим (Кудс)

1740898
Шентоп: Ние отсекогаш ја поддржувме слободна и независна Палестина со главен град Источен Ерусалим (Кудс)

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп присуствуваше на „Четвртата конференција на Интерпарламентарната платформа за Ерусалим/Кудс“ што се одржа во Анкара, кадешто го истакна следното: „Нашата теза во палестинската кауза е јасна. Ние отсекогаш ја поддржуваме слободна и независна држава Палестина со главен град Источен Ерусалим (Кудс).“

Велејќи дека Ерусалим (Кудс) за муслиманите е првата кибла на исламот, Шентоп рече: „Турција секогаш и во иднина ќе биде против промената на историскиот, верскиот, политичкиот и правниот статус на Ерусалим (Кудс). Нашата теза во палестинската кауза е јасна. Ние отсекогаш ја поддржуваме слободна и независна држава Палестина со главен град Источен Ерусалим (Кудс).“

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп изјави дека каузата на Ерусалим (Кудс) ја оценуваат како прашање на целото човештво.

 



Слични вести