Калин: Турција под секакви услови ќе продолжи да ја поддржува Либија која се подготвува за избори

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин рече дека Турција ќе продолжи да ја поддржува Либија и во случај да бидат одложени изборите планирани за 24 декември и дека Таа очекува и од сите меѓународни актери да постапат на ист начин

1740870
Калин: Турција под секакви услови ќе продолжи да ја поддржува Либија која се подготвува за избори

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин говореше на онлајн панелот на тема „Предизборните политички неизвесности во Либија“ што се одржа во канцеларијата на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА) во Брисел, главниот град на Белгија.

Калин рече дека Турција ќе продолжи да ја поддржува Либија и во случај да бидат одложени изборите планирани за 24 декември и дека Таа очекува и од сите меѓународни актери да постапат на ист начин.

Велејќи „Мислам дека е неопходно да се нагласи важноста на територијалниот интегритет и политичкото единство на Либија,“ Калин подвлече дека крајот на граѓанската војна ја подготви основата за политичка стабилност и демократско управување и дека затоа од големо значење се и изборите за кои е планирано да се одржат на 24 декември.

Ибрахим Калин нагласи дека постојат политички тешкотии поврзани со изборите и дека одлуката за тоа дали ќе можат да се одржат или не избори ќе ја донесат страните во Либија.

Тој рече: „Во секој случај, што и да одлучат, тоа треба да биде процес кој ќе биде воден од страна на Либијците. Сите меѓународни актери треба да го почитуваат и поддржат овој процес.“

Појаснувајќи дека европските земји и Соединетите Американски Држави гледаат на Либија од перспективата на „тероризмот, миграцијата и енергијата“, портпаролот на претседателскиот кабинет Калин рече дека тоа е доста тесен поглед, додека Турција има поинаков пристап.

Калин нагласи дека Турција за воените прашања на Либија преговара „само со либискиот народ, владата и избраните функционери“ и напомена дека конференциите во Берлин и Париз потврдуваат дека Турција е задоволна од нејзината инволвираност во Либија.

„Сакаме да видиме една обединета либиска армија. Како Турција, ние секогаш сме подготвени да помогнеме во правец на таа цел.“ - рече Калин и улогата на Турција во Либија ја резимира со зборовите: „Ние сме таму како дел од договорот за обезбедување на безбедноста на либиската Влада и за формирање обединета армија.“

Тој рече: „Интервенцијата на Турција го промени (негативниот) тек на настаните, воспостави рамнотежа во конфликтот.“

„И доколку изборите не се одржат на 24 декември ќе продолжиме да ја поддржуваме Либија политички и економски и на други полиња. Очекуваме и од меѓународната заедница да го стори истото.“ - рече портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин и подвлече дека не треба да се злоупотреби веројатноста од одложување на изборите.

 



Слични вести