Чавушоглу на 2 и 3 декември ќе учествува на министерскиот совет на ОБСЕ во Стокхолм, Шведска

Министерството за надворешни работи соопшти дека министерот Чавушоглу на 2 и 3 декември 2021 година ќе присуствува на 28. состанок на Министерскиот совет на ОБСЕ што ќе се одржи во Стокхолм, главниот град на Шведска, земјата претседавач со ОБСЕ

1740911
Чавушоглу на 2 и 3 декември ќе учествува на министерскиот совет на ОБСЕ во Стокхолм, Шведска

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ќе присуствува на 28. состанок на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) чиј домаќин ќе биде Шведска.

Во објавеното писмено соопштение од страна на Министерството за надворешни работи се истакнува следното:„Почитуваниот министер на 2 и 3 декември 2021 година ќе присуствува на 28. состанок на Министерскиот совет на ОБСЕ што ќе се одржи во Стокхолм, главниот град на Шведска, земјата претседавач со ОБСЕ. На состанокот, ќе бидат разменети мислења во врска со прашањата на дневниот ред на ОБСЕ и актуелните предизвици со кои се соочува регионот на ОБСЕ. Почитуваниот министер по повод состанокот ќе оствари и билатерални средби со некои негови колеги.“



Слични вести