Во северниот дел на Сирија се неутрализирани тројца терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во северниот дел на Сирија се неутрализирани тројца терористи на ПКК/ЈПГ од кои еден во подрачјето на операцијата Извор на мирот, а двајца во подрачјето на операцијата Еуфратски штит

1740099
Во северниот дел на Сирија се неутрализирани тројца терористи

Во северниот дел на Сирија се неутрализирани тројца терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Во објавеното соопштение од страна на Министерството за национална одбрана се истакнува дека исто како во северниот дел на Ирак продолжуваат операциите против терористите на ПКК/ЈПГ и во северниот дел на Сирија.

Во соопштението се вели следното: „Нашите јуначки командоси неутрализираа тројца терористи на ПКК/ЈПГ кои се подготвувале за напад од кои еден во подрачјето на операцијата Извор на мирот, а двајца во подрачјето на операцијата Еуфратски штит.“

Инаку, северниот дел на Сирија беше исчистен од тероризмот со реализираните прекугранични операции на Турските вооружени сили (ТВС), Еуфратски штит во 2017 година и Извор на мирот во 2019 година.



Слични вести