Техеран: На средбата Ердоган-Реиси е одлучено односите меѓу двете земји да се развијат повеќестрано

Иранскиот министер за надворешни работи Хусејин Емир Абдулахијан истакна дека на средбата меѓу Ердоган и Реиси во Ашкабат, во Туркменистан, е одлучено односите меѓу двете земји да се развијат повеќестрано

1740034
Техеран: На средбата Ердоган-Реиси е одлучено односите меѓу двете земји да се развијат повеќестрано

Иранскиот министер за надворешни работи Хусејин Емир Абдулахијан во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер информира за остварената средба меѓу претседателот на Иран Ибрахим Реиси и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во рамките на 15. самит на Организацијата за економска соработка што се одржа во Ашкабат, главниот град на Туркменистан.

Абдулахијан истакна дека на средбата меѓу Ердоган и Реиси е одлучено односите меѓу двете земји да се развијат повеќестрано.

Велејќи дека средбата меѓу претседателите на Турција и Иран помина во исклучително пријателска и искрена атмосфера, Абдулахијан рече:„Одлучено е односите да се развијат повеќестрано и да се отстранат некои пречки. Односите меѓу двете земји се историски. Двајцата лидери постигнаа сосгласност за време на посетата на претседателот Ердоган на Техеран да се одржи состанок на Високата комисија (Советот за соработка на високо ниво меѓу Турција и Иран)“.

Инаку, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и иранскиот претседател Ибрахим Реиси кои престојуваа во Туркменистан кадешто учествуваа на 15. Самит на Организацијата за економска соработка во овие рамки одржаа средба која беше затворена за медиумите.



Слични вести