Шентоп: За надминување на неправдите парламентарната дипломатија и соработка добија уште поголемо значење

Претседателот на Собранието Шентоп истакна дека за надминување на неправдите, дискриминациите и променливите рамнотежи коишто заедно со епидемијата на новиот Ковид-19 се во подем, парламентарната дипломатија и соработка добија уште поголемо значење

1739977
Шентоп: За надминување на неправдите парламентарната дипломатија и соработка добија уште поголемо значење

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во рамките на 143. Генерално собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ) во Мадрид, главниот град на Шпанија, говореше на состанокот на Парламентарната мрежа на Движењето на неврзаните која брои 120 земји членки.

Шентоп овде истакна дека за надминување на неправдите, дискриминациите и променливите рамнотежи коишто заедно со епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се во подем, парламентарната дипломатија и соработка добија уште поголемо значење.

Нагласувајќи дека Движењето на неврзаните располага со значаен потенцијал во усмерувањето на меѓународните рамнотежи кон правдата и придонесувањето во изградбата на свет исполнет со мир, еднаквост, соработка и благосостојба, Шентоп истакна дека оваа институција ќе ја зголеми својата функција и прочуеност во текот на привременото претседателство на Азербејџан.

„Поминуваме низ период во кој се чувствува поголема потреба од полифонија на меѓународната арена од било кога досега“, рече Мустафа Шентоп и го подвлече следното: „Изнаоѓањето на трајни решенија за прашања од глобално значење како што се гладот, сиромаштијата, злосторствата против човештвото и статусот на Ерусалим (Кудс), ќе биде можно само со поведување на отворена дискусија и помирување.“

Шентоп напомена дека глобалниот процес на епидемијата уште еднаш ги изнесе на пред план неправдите и го рече следното: „Поради привилегираните и дискриминаторски ставови во однос на набавката на вакцини и медицински материјали голем број земји во развој или неразвиени земји имаа тешкотии во обезбедувањето на нивните основни здравствени потреби. Од тој аспект би сакал да истакнам со гордост дека Турција одговори на сите барања за медицинска помош коишто пристигнаа до неја и искрено ги мобилизира своите можности за задоволување на потребите на сите земји на кои им беше потребна помош.“

Мустафа Шентоп појасни дека како Турција тие се обидоа да и помогнат на секоја земја која побара поддршка во борбата против епидемијата и дека исто така Таа ќе биде подготвена да ја сподели со сите земји кои имаат потреба и турската вакцина откако ќе се премине на нејзино сериско произвдоство.

Истакнувајќи дека епидемијата чии конечни димензии на економската криза што ја предизвикаа се уше се непознати ги потресе меѓународните односи, рамнотежите и сојузите, претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп го достави следното предупредување: „Кога ќе ги земеме во предвид заканите како што се климатската криза и сушата, како додаток на присутните проблеми во синџирот на снабдување и доколку не би била доживеана тешкотија во храната, голема е веројатноста да дојде до недостиг од храна во наредниот период. Оваа состојба ги продлабочува глобалните нееднаквости и доведува до зголемување на мигрантите и мигрантските бранови.“

Шентоп подвлече дека земјаќи ги за основа човечките вредности и правдата меѓупарламентарната комуникација, интеракцијата и мултилатералната парламентарна дипломатија се позначајни од кога било досега во производството на решенија.

 



Слични вести