Претседателот Ердоган: Соборивме рекорд во бројот на вработување на хендикепираните лица

Претседателот Ердоган истакна дека со назначување, вработување досега на 62.337 инвалидни лица за време на неговата 19 годишна власт се соборени еноподруго рекорди и дека воедно верува оти оваа бројка ќе се зголеми уште повеќе во наредниот период

1739929
Претседателот Ердоган: Соборивме рекорд во бројот на вработување на хендикепираните лица

Беа споделени снимките од вчерашната средба „Заедно ги надминуваме пречките - Средба во Измир“ што се одржа во населеното место Менемен во Измир и на која присуствуваше претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Претседателот Ердоган во оваа пригода истакна дека со назначување, односно вработување досега на 62.337 инвалидни лица за време на неговата 19 годишна власт се соборени еноподруго рекорди и дека воедно верува оти оваа бројка ќе се зголеми уште повеќе во наредниот период.

Велејќи дека чувствува големо задоволство од тоа што се состанува со лицата со посебни потреби кои напишале успешни приказни во спортот, уметноста, образованието и деловниот живот, Ердоган им се заблагодари на сите кои присуствуваат на оваа значајна средба.

Тој рече: „Со назначување, вработување досега на 62.337 инвалидни лица едноподруго соборивме рекорди. Моментално процентот на инвалидните лица меѓу вкупниот број вработени во јавниот сектор изнесува приближно околу 2 отсто. Верувам дека оваа бројка ќе се зголеми уште повеќе во наредниот период.“ 

„Вие секој ден докажувате дека надминувањето на пречките пред се е прашање на верување. Ние како народ се горддеме со вашите достигнувања и успесите коишто ги постигнувате во спортот, уметноста, деловниот живот, политиката, образованието и другите сфери. Работиме со сета наша сила за да обезбедиме нашите браќа и сестри со посебни потреби да можат да учествуваат во сите сфери од животот без никакви пречки. Обновувајќи ги нашите училишта, градови и улици, ние се трудиме една по една да ги отстраниме пречките пред нашите браќа и сестри инвалиди.“ - порача претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.



Слични вести