Претседателот Ердоган: Ќе има добри случувања со што ќе изградиме една поразлична иднина

Претседателот Ердоган истакна дека Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и понудија инвестициски план на Турција во вредност од 10 милијарди долари и го рече следното: „Со ставање во примена на ова ќе изградиме една поразлична иднина. Ќе има добри случувања.“

1740305
Претседателот Ердоган: Ќе има добри случувања со што ќе изградиме една поразлична иднина

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во авионот на враќање од остварената официјална посета на Туркменистан кадешто учествуваше на 15. самит на Организацијата за економска соработка направи проценка на актуелните случувања и одговараше на прашањата на новинарите.

Претседателот Ердоган истакна дека Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и понудија инвестициски план на Турција во вредност од 10 милијарди долари и го рече следното: „Со ставање во примена на ова ќе изградиме една поразлична иднина. Ќе има добри случувања.“

Велејќи дека има добри случувања во односите меѓу Турција и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) кои во последните години не се на посакувано ниво, Ердоган рече дека Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) се подготвени за инвестирање во Турција.

Претседателот Ердоган истакна дека постигнатите договори меѓу двете земји за време на посетата на престолонаследникот на Обединетите Арапски Емирати шеикот Мухамед бин Зајед Ал Нахјан на Турција на 24 ноември се повод за започнување на нов период во односите.

Тој рече: „Во наредниот период јас ќе остварам повратна посета во февруари. Пред мене ќе има посети и на мојот министер за надворешни работи и на шефот на Националната разузнавачка служба (МИТ). Ќе има подготовки. Потоа во февруари се надевам дека ќе отидам со голема делегација и ќе преземеме некои чекори на многу силен начин. Тие доставија инвестициски план од 10 милијарди долари. Со ставање во примена на ова ќе изградиме една поразлична иднина. Ќе има добри случувања и по ова прашање.“

Осврнувајќи се на прашањето во врска со назначувањето на амбасадори во Израел и Египет, претседателот Ердоган рече: „Сега, кога веќе ја донесовме нашата одлука, секако ќе ги назначиме и амбасадорите во одреден календар. Постојат некои чекори коишто се преземени во некои од земјите коишто ги спомнавте со вршител на должноста амбасадор. Нема амбасадор, но има вршител на должноста амбасадор. Постепено во рамките на одреден календар ќе ги фрлиме и овие чекори. Онака како што е фрлен чекор меѓу нас и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) слични чекори ќе фрлиме и со другите.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, правејќи проценка и на присутниот проблем помеѓу Украина и Русија го истакна следното: „Нашиот став за тензиите меѓу Украина и Русија е јасен. Ние сме за доминација на мирот во регионот, особено за приодот во врска со Кримските Турци. Бројни пати разговаравме и разговараме за овие видови прашања со пријателска Русија и особено со (рускиот претседател) Владимир Путин.“

 



Слични вести