Кулеба: Секој напор на Ердоган со кој ќе се стави крај на војната ќе го дочекаме со задоволство

Дмитро Кулеба за изјавата на претседателот Ердоган кој рече дека „Би сакале да имаат удел во решавањето на руско-украинската тензија“ истакна дека го дочекуваат со задоволство секој пријателски напор со којшто ќе се стави крај на војната

1740427
Кулеба: Секој напор на Ердоган со кој ќе се стави крај на војната ќе го дочекаме со задоволство

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на одржаната прес конференција за странските новинари направи проценка на кризата со Русија.

Кулеба за изјавата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој рече дека „Би сакале да имаат удел во решавањето на руско-украинската тензија“ истакна дека го дочекуваат со задоволство секој пријателски напор со којшто ќе се стави крај на војната.

На едно поставено прашање „Претседателот на Турција Реџеп Тајјип Ердоган рече дека сака да посредува во решавањето на руско-украинската криза. Што мислите за тоа?“, Кулеба нагласи дека Турција и Украина имаат извонредни односи и дека постои високо ниво на доверба меѓу претседателот на Украина Володимир Зеленски и Ердоган.

Велејќи дека украина останува посветена на активностите во форматот Нормандија, Кулеба но истакна дека никако не ги отфрлуваат пријателските иницијативи коишто пристигнуваат од другите партнери.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро кулеба подвлече дека ќе го дочекаат со задоволство секој напор со којшто ќе се стави крај на војната и ќе помогне Украина да ги врати назад своите територии.

„Ние имаме само едно правило во Украина, не може да има било каков договор во врска со Украина без Украина, тоа е црвената линија. Сето друго го дочекуваме со задоволство и како што реков, подготвени сме да разговараме за сите иницијативи со коишто ќе се стави крај на кризата.“ - порача Кулеба.

 



Слични вести