Ердоган: Изградбата на терминалмниот мост Ајанџик во Синоп ја завршивме за рекордно време од 80 дена

Претседателот Ердоган истакна дека изградбата на терминалниот мост Ајанџик кај Синоп долг 110 метри е завршена за рекордно време од 80 дена и денеска е готов за свечено ставање во услуга.

1740250
Ердоган: Изградбата на терминалмниот мост Ајанџик во Синоп ја завршивме за рекордно време од 80 дена

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган испрати видео порака до церемонијата на свечено отворање на терминалниот мост Ајанџик кај градот Синоп на црноморскиот брег.

Претседателот Ердоган истакна дека изградбата на терминалниот мост Ајанџик кај Синоп долг 110 метри е завршена за рекордно време од 80 дена и денеска е готов за свечено ставање во услуга.

Потсетувајќи дека оваа година исто како во различни делови на светот се случија природни катастрофи и во Турција кои предизвикаа рушење, загуба на животи и имот, Ердоган рече: „Додека од една страна ја продолжуваме нашата борба против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), од друга страна се боревме и со катастрофи на поплави, земјотреси и пожари. Му отрчавме на помош на нашиот народ многу побрзо и поефикасно од Европа и Америка, кои беа подложени на слични катастрофи со нас. Уште од првиот момент на катастрофата, со сите наши можности и институции застанавме покрај нашите браќа и сестри погодени од катастрофата. Ги вложивме сите неопходни напори за да ги излечиме раните, да ги надоместиме штетите и да ги кренеме повторно на нозе (наново да ги изградиме) областите погодени од катастрофата.“

Претседателот Ердоган потсети дека ветија оти ќе биде направено поубавото, поиздржливото на местата коишто беа разрушени по катастрофата со поплави што се случи на 11 август и го рече следното: „Ете денеска во Синоп сме горди поради тоа што го исполнивме ова ветување.“

Велејќи дека изградбата на терминалниот мост Ајанџик кај Синоп долг 110 метри е завршена за рекордно време од 80 дена и е подготвен за отворање, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека притоа беа внимателно следени и процесите поврзани со други проекти.



Слични вести