Чавушоглу на 30 ноември и 1 декември ќе учествува на состанокот на НАТО во Рига, Летонија

На состанокот, во рамките на процесот што води до Самитот на лидерите во Мадрид во 2022 година ќе се разговара за случувањата во евроатлантскиот регион и за  приоритетните прашања коишто се наоѓаат на агендата на НАТО

1740121
Чавушоглу на 30 ноември и 1 декември ќе учествува на состанокот на НАТО во Рига, Летонија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ќе учествува на состанокот на шефовите на дипломатии на НАТО што ќе се одржи од 30 ноември до 1 декември во Рига, главниот град на Летонија.

На состанокот со кој ќе претседава генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, во рамките на процесот што води до Самитот на лидерите во Мадрид во 2022 година ќе се разговара за случувањата во евроатлантскиот регион и за  приоритетните прашања коишто се наоѓаат на агендата на НАТО.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по повод состанокот ќе оствари и билатерални средби и разговори со некои свои колеги од земјите членки на НАТО.



Слични вести