Благодарност од претседателот на Турската Република Северен Кипар Татар до претседателот Ердоган

Претседателот Ерсин Татар во врска со говорот на претседателот Ердоган на 15. Самит на Организацијата за економска соработка за решение на Кипар со постоење на две еднакви суверени држави, истакна дека му се заблагодарува на претседателот Ердоган

1740018
Благодарност од претседателот на Турската Република Северен Кипар Татар до претседателот Ердоган

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар му се заблагодари на претседателот Ердоган поради тоа што ја повтори поддршката на кипарскиот турски народ и на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) на 15-тиот самит на Организацијата за економска соработка што се одржа во Ашкабат, во Туркменистан.

Татар во објавеното писмено соопштение во врска со говорот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на 15. Самит на Организацијата за економска соработка за решение на Кипар со постоење на две еднакви суверени држави, истакна дека му се заблагодарува на претседателот Ердоган во име на кипарскиот турски народ. 

„Додека останува на дневен ред нашиот предлог за решение засновано на две суверени еднакви и две посебни држави, што за прв пат го поставивме на преговарачката маса во Женева, претседателот на Република Турција Реџеп Тајјип Ердоган во својот говор што го одржа на 15. Самит на Организацијата за економска соработка ги повика сите пријателски и братски земји без предрасуди да направат проценка на визијата на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) за решение. Тоа ни придаде уште поголема сила.“

Во врска со акцентот на претседателот Ердоган на регистрирањето на еднаквиот мнеѓународен статус на кипарскиот турски народ за изнаоѓање решение за Кипарското прашање, претседателот Ерсин Татар го рече следното: „Претседателот Ердоган беше гласот на кипарскиот труски народ во неговите одржани говори и упатените повици и на состаноците на 76-то заседание на Генералното собрание на ОН на 22 септември 2021 година и на 8. Самит на шефови на држави на Турскиот совет на 12 ноември 2021 година.  Истакна дека татковината Турција отсекогаш беше гласот на народот на кипарскиот турски народ и Турската Република Северен Кипар (ТРСК). Во мое лично име и во име на мојот народ, би сакал да му се заблагодарам со најискрени желби на претседателот Ердоган, кој секогаш и под секои услови стоеше и стои покрај кипарскиот турски народ и Турската Република Северен Кипар (ТРСК), кој им ја подава својата рака за помош и не се воздржување од доставување на својата поддршка. Кипарскиот турски народ секогаш ќе продолжи да чекори заедно со татковината Турција.“

Инаку, на 15. самит на Организацијата за економска соработка што се одржа во Ашкабат, во Туркменистан, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во врска со Кипар го рече следното: „Регистрирањето на суверена еднаквост и еднаквиот меѓународен статус на кипарскиот турски народ, е клучот за решението на Кипарското прашање. Сакам сите пријателски и братски земји без предрасуди да направат проценка на визијата за решение на Турската Република Северен Кипар (ТРСК). Го поттикнуваме развојот на односите во сфери како што се спортот, културата, образованието и туризмот, со цел да се намали изолацијата на која што се подложени кипарските Турци кои имаат статус на член посматрач со нашата организација.“

 



Слични вести