Уште двајца терористи им се предадоа на безбедносните сили

Министерството за внатрешни работи соопшти дека по пат на убедување се предадоа уште двајца терористи кои избегале од сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1739673
Уште двајца терористи им се предадоа на безбедносните сили

По пат на убедување се предадоа уште двајца терористи кои избегале од сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според обајвеното соопштение од страна на Министерството за внатрешни работи, продолжува процесот на распаѓање во редовите на сепаратистичко-терористичката организација.

Како резултат на активностите за убедување коишто се водат под координација на Министерството, уште двајца терористи кои избегале од ПКК им се предадоа на безбедносните сили.

Како што е установено предадените терористи и се приклучиле на терористичката организација во 2015 и 2017 година и делувале во Сирија и во Ирак.

Бројот на членовите на организацијата кои се предадоа како резултат на активностите за убедување оваа година се зголеми на 182.

 

 



Слични вести