Претседателот на Собранието Шентоп на Интерпарламентарната унија во Мадрид: Турција не е складиште на Европа за мигранти

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во говорот што го одржа на 143. Генерално собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ)  во Мадрид, главниот град на Шпанија, Турција не е складиште на Европа за мигранти

1739828
Претседателот на Собранието Шентоп на Интерпарламентарната унија во Мадрид: Турција не е складиште на Европа за мигранти

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во говорот што го одржа на 143. Генерално собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ)  во Мадрид, главниот град на Шпанија, ја обвини Франција за „лицемерност“ (дволичност), која стави вето и ја сопре кампањата на Советот на Европа за носење превез.

Шентоп рече: „Турција секогаш ќе стои покрај сите угнетени, оштетени и сиромашни општества кои имаат потреба од помош, без разлика дали се муслимани или не, и што е најважно покрај правдата и праведниот.“

Нагласувајќи дека популистичката политика сериозно ги доведува во опасност демократијата и човековите права, Шентоп, привлекувајќи внимание дека дискриминацијата и ксенофобијата се во подем во последните 20 години, го рече следното: „Особено исламофобијата достигна до опасни нивоа низ целиот свет. За жал, меѓународната заедница и институциите се целосно нечувствителни и неефикасни пред оваа тешка слика.“

Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп се осврна и на кризата со нерегуларната миграција во врска со што го истакна следното: „Оние кои ги принудуваат луѓето да мигрираат од нивната татковина, нивните домови, бегаат од преземање одговорност во хуманитарните кризи што се појавија. Медитеранот се претвори во масовна гробница на мигрантите. Ги повикувам европските земји на одговорност и хуманост (човечност) и Грција, која чамците на мигрантите ги турка (насилно враќа) назад кон Турција, ги остава гладни мигрантите, ги пукнува и потопува чамците на мигрнатите.“

Велејќи дека Турција за која рече дека е „совест на човештвото“ 10 години како згрижува приближно 5 милиони нерегуларни мигранти, Шентоп воедно напомена дека таа е земја која е домаќин на најголем број мигранти во светот.

„Турција не е складиште на Европа за мигранти. Кризата со хуманоста и совеста на земјите кои не преземаат одговорност по прашањето на миграцијата, најмалку е голема колку и хуманитарната криза којашто се доживеана поради миграцијата.“ - констатира претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во своето излагање на 143. Генерално собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ)  во Мадрид, главниот град на Шпанија.

 



Слични вести